Премини на содржината

За нас

Слобода и различности

Се залагаме секој поединец да биде во можност да ги оствари и ужива човековите права и слободи, без оглед на личните карактеристики како што се сексуалната ориентација и родовиот идентитет, а согласно националната легислатива, меѓународното право и ратификуваните конвенции.

Отвореност и транспарентност

Овие вредности се врежани во нашите политики и работа. Стратешкото планирање за ЛГБТ+ каузите се базира на отвореност кон и консултации и соработка со самата заедница, а застапувањето и дејствувањето се одликува со целосна транспарентност пред засегнатите страни и општата јавност.

Лидерство и партнерство

ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД има преземено лидерска улога во мисијата за постигнување рамноправност за сите, со фокус на ЛГБТ+ луѓето. Се докажавме како проверен и доверлив партнер на ЛГБТ+ заедницата, а нашите достигнувања и придонеси се препознаени како во домашни така и во меѓународни рамки.

Збор-два за нас

ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД од Скопје е невладина, непрофитна и мултиетничка организација, која во своето членство има луѓе од различни сексуални ориентации, родови идентитети и родови експресии. Нашите цели, меѓу другото, се: заштита, промоција и почитување на човековите права и слободи, со посебен фокус на човековите права и слободи на ЛГБТ+ луѓето, обезбедување на еднаков пристап до здравствена заштита и други есенцијални социјални и правни услуги, а во насока на постигнување рамноправност и вклучување на ЛГБТ+ луѓето во сите сфери на животот преку создавање на поддржувачка и инклузивна атмосфера која ги негува и поттикнува различностите.
Фото: Freepik
Фото: Freepik

Нашиот фокус

ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД работи на зајакнување на ЛГБТ+ заедницата, подигнување на јавната свесност за човековите права и слободи, како и сексуалниот и родовиот диверзитет, борба против дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, застапување и лобирање за унапредување на постојната национална легислатива заради постигнување целосна еднаквост на ЛГБТ+ луѓето, и подобрување на сексуалното здравје на ЛГБТ+ популацијата преку превентивна програма за ХИВ/СИДА и други сексуално преносливи инфекции.
1
години искуство
250 +
опфатени луѓе
1 +
реализирани проекти