Премини на содржината

Друштвени центри

Центар на ЛГБТИ заедницата Скопје



Центарот на ЛГБТИ заедницата во Скопје е друштвен центар што функционира во рамките на седиштето на ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД, здружение за зајакнување и застапување на ЛГБТИ заедницата. Центарот е отворен за посетители од среда до сабота, а неговото работно време е од 12 до 20 часот. Дополнително, секој месец центарот објавува месечна програма со тематски вечери за групни активности на кои сте добредојдени да ни се придружите. За подетални информации, контактирајте нѐ.

За друштвените центри низ другите градови, скролајте подолу.

Вечер на друштвени игри
Средба на повозрасните
припадници на
ЛГБТИ заедницата
Вечер на благосостојба
Средба на родители,
пријатели и поддржувачи
на ЛГБТИ заедницата

Друштвени центри во други градови



Една од целите на ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД е да ги оснажиме припадниците на ЛГБТ+ заедницата од Пелагонија, југоисточниот и југозападниот регион на Република Северна Македонија така што ќе им обезбедиме безбедни и сигурни места за среќавање и вклучување во стратешки, тактични и едукативни активности.

ЛГБТ+ лидер(к)ите од овие региони, со поддршка од ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД, веќе организираат такви поп ап друштвени центри во простори како што се канцелариите на нашите партнерски организации лоцирани во места како градовите Битола, Охрид и Струмица. Преку оваа активност ги поддржуваме ЛГБТ+ лидер(к)ите да продолжат да организираат средби за ЛГБТ+ заедницата барем еднаш месечно во секој еден од трите гореспоменати региони.

Средбите се состојат од гледање филмови, читање поезија, тематски дискусии, неформални забави, дружење, пикници и други друштвени активности.

Тетово
Битола
Гостивар
Струмица

Ако сте ЛГБТ+ лице од овие региони или, пак, родители, пријатели или поддржувачи на ЛГБТ+ заедницата, и заинтересирани сте да земете учество на овие средби, за да се информирате за местото и времето на одржување на средбите, како и за програмата односно планираната активност на денот кога сакате да присуствувате, ве молиме пишете ни на назначената електронска пошта или јавете ни се на телефонскиот број 075 356 063.

На средбите се добредојдени и заинтересираните луѓе од околните градови, а патните трошоци ќе бидат покриени од страна на ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД.