Премини на содржината

Разбирање на сексуалната ориентација и родовиот идентитет: Не можете да го промените тоа кои сте

Честа заблуда е дека сексуалната ориентација или родовиот идентитет на едно лице може да се промени или „поправи“. Во реалноста, идентитетот на луѓето е составен дел од тоа кои се тие. Овој текст има за цел да ја разјасни оваа тема и да ги отстрани сите недоразбирања.

Дали можете да престанете да бидете ЛГБТИ? Краткиот одговор е: Не.

Сексуалната ориентација и родовиот идентитет се длабоко вкоренети аспекти на идентитетот на една личност. Не станува збор за избори, за преференции во начинот на живот или за состојби што можат да се променат или „излечат“. Еве зошто:

Научен консензус:

Здруженијата на доктори и психолози, вклучително Американското здружение на психолози и Светското професионално здружение за здравјето на трансродовите луѓе, одамна утврдија дека да се биде ЛГБТИ лице не е ментално нарушување или нешто што бара промена. Тие ја нагласуваат важноста на афирмацијата и поддршката на автентичните идентитети на луѓето.

Лични искуства:

ЛГБТИ луѓето доследно изјавуваат дека нивните чувства и идентитети се инхерентен дел од тоа кои се тие. Многумина од нив имаат искусено обиди за промена на нивната сексуална ориентација или родов идентитет преку конверзивна терапија или на други начини, кои беа нашироко дискредитирани и осудени поради предизвикување штета на луѓето.

Разноликоста во ЛГБТИ заедницата:

ЛГБТИ заедницата е разнолика, со различни сексуални ориентации и родови идентитети. Оваа разноликост го нагласува фактот дека не постои еден „вистински“ начин да се биде ЛГБТИ. Секој обид за промена на нечиј идентитет би значело негирање на фундаменталниот аспект на нивното јас односно на нивното сопство.

Разгледување од аспект на етика и човекови права:

Промовирањето обиди за промена на сексуалната ориентација или родовиот идентитет на едно лице е етички проблематично и се коси со принципите на човековите права и еднаквоста. Многу земји ја имаат забрането конверзивната терапија (псевдонаучна практика на обиди да се промени сексуалната ориентација или родовиот идентитет на едно лице како би се вклопило во хетеросексуалните и цисродовите норми) поради штетните ефекти.

Разбирање и прифаќање:

Наместо да се прават обиди да се променат лицата што се идентификуваат како лезбијки, геј мажи, бисексуалци или транс, од клучно значење е да се прифати разноликоста, да се промовира разбирање и да се овозможи безбедно и инклузивно опкружување за сите луѓе. Секој човек заслужува почит, достоинство и слобода живее отворено и да биде свој.

Заклучок:

Ќе заклучиме – не можете да ја промените вашата сексуална ориентација или родов идентитет бидејќи тие се составен дел од тоа кои сте вие како личност. Обидите да се направи тоа можат да бидат штетни и беа нашироко дискредитирани. Од суштинско значење е да се негува разбирање и прифаќање на ЛГБТИ луѓето, препознавајќи дека тие, како и кој било друг, заслужуваат да живеат автентично и без дискриминација. Прифаќањето на различностите го прави општеството поинклузивно и посомилосно за сите.