Премини на содржината

Повик за учество на обука: Пристап заснован на човековите права и вклучување на родовите аспекти во политиките

Во рамките на Програмата за работа за 2023 година, поддржана од Европската унија, ЛГБТИ Јунајтед организира обука која ќе се фокусира на пристапот заснован на човековите права, вклучување на родовите аспекти во политиките и инклузивност, а има за цел да обезбеди подлабоко разбирање на човековите права на ЛГБТИ лицата, жените и девојките, како и на најмаргинализираните заедници.

Датум: 29.08.2023 – 02.09.2023
Локација: СТРУГА

Остварувањето на заштитата на човековото достоинство на сите човечки суштества е во сржта на концептот на човековите права, ставајќи го поединецот во центарот на вниманието. Оваа обука е дизајнирана да придонесе за зголемување на знаењата на учесниците за пристапот заснован на човековите права кој е методолошка рамка која има за цел да ги интегрира човековите права во секоја развојна програма и при обезбедување проекти и услуги. Како концепт, пристапот заснован на човековите права обезбедува значајно и систематско вклучување и зајакнување на најранливите категории. Понатаму, во обуката е предвидено да се зборува за вклучувањето на родовата перспектива, како интегрален дел од процесот на креирање политики. Вклучувањето на родовите прашања во главните политики претставува (ре)организација, подобрување, развој и евалуација на процесите за креирање на политиките, каде перспективата на родова еднаквост се инкорпорира во сите политики, на сите нивоа и фази од страна на актерите кои се вообичаено вклучени во креирање на политиките.

Преку интерактивни работилници, предавања и најдобри практики, учесниците ќе имаат можност да развиваат стратегии за застапување и активизам кои ги промовираат и штитат човековите права на ЛГБТИ лицата, жените и маргинализираните заедници. Од учесниците ќе се очекува да се вклучат во критичко размислување и анализа на сопствените позиции и искуства и да ги споделат своите сознанија и учења со другите.

Кој може да се пријави:

Обуките се отворени за тековни студенти на додипломски и пост-дипломски студии од областа на општествените и хуманистичките науки, дипломирани студенти, активисти и професионалци кои работат во областа на човековите права и социјалната правда или се дел од ЛГБТИ заедницата, феминистички или квир движења. ЛГБТИ Јунајтед ги охрабрува учесниците од различно потекло и со различни идентитети, вклучувајќи ги и оние со доживеано искуство на маргинализација да се пријават на школата.

Трошоци:

Учество на обуката не се наплаќа. Сите трошоци поврзани со пат, сместување, храна и материјали за програмата се обезбедени од ЛГБТИ Јунајтед.

Начин и рок за пријавување:

Заинтересираните лица треба да достават кратко мотивационо писмо за учество на обуката (максимум 1 страница) на е-пошта: , најдоцна до 5 август 2023 со назнака: Пријава за обука. Од апликантите се очекува посветеност и учество на сите сесии.

За резултатите од изборот апликантите ќе бидат информирани најдоцна до 10.08.2023.