Здружението „ЛГБТИ Јунајтед“ во рамки на проектот за годишни оперативни грантови, број на договор за грант IPA/2022/441-140, поддржан од Европската унија, објавува оглас за ангажирање на 2 обучувачи/ки за одржување на 2 дводневни обуки во периодот јули-август 2023.
Во рамките на ангажманот, обучувачите/ките потребно е да:
Подготват и испорачаат дводневна обука на тема:
- Пристап заснован на човекови права (HRBA) и вклучување на родовите аспекти во политиките (Gender Mainstreaming)
- Принцип „Не оставајте никого зад себе“ (LNOB) со посебен акцент на потребите на ЛГБТИ заедницата, како и жените и девојките.
Обучувачите/ките ќе треба да развијат методологија за спроведување на тренингот која ќе понуди комбинација од теорија и вежби за практична примена на теоријата. Од обучувачот се очекува во координација со проектниот тим да ја развие програмата за обуката како и алатки за оцена.
Обучувачите/ките треба да ги реализираат следниве активности:
- Развивање програма за обуката;
- Да подготви презентации и вежби кои ќе ги сподели со проектниот тим, пред спроведување на обуката;
- Да ја спроведе обуката;
- Да развие и предложи методологија за оценка на обуката;
- По спроведената обука да подготви и поднесе извештај најдоцна 7 работни дена по завршување на истата.
Обуката ќе се спроведе на македонски јазик.
Потребни квалификации и вештини:
- Да има завршено високо образование во областа на општествените науки;
- Напредно познавање и користење на англиски јазик;
- Минимум 5 години работно искуство.
- Искуство во спроведување обуки;
- Искуство во работата со граѓански организации;
- Способност за работење со кратки рокови и навремено испорачување на услуги;
- Докажана способност за работа и комуникација со луѓе од различни професионални, социјални и културни средини.
Потребна документација:
- Кратка биографија (CV) и мотивационо писмо не подолго од една страна;
- Две референции за потврда на експертизата во областа;
- Методологија за работа.
Рок за пријавување
Рокот за пријавување е најдоцна до 30.06.2023 до 16 часот на следната имејл адреса: , со назнака: Апликација за ангажирање на обучувачи (Насловот на обуката за која се аплицира).
Постапка за избор на кандидат/ка:
„ЛГБТИ Јунајтед“ ќе формира комисијата и ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосни пријави нема да бидат земени предвид.