Здружението „ЛГБТИ Јунајтед“ во рамките на проектот „Годишна програма за работа за 2023 година“, број на договор за грант IPA III/2022/441-140, финансиски поддржан од Европската Унија, објавува оглас за ангажирање на експерт/ка за изработка на анализа на тема „Анализа на состојбата со повеќекратна/интерсекциска дискриминација во Република Северна Македонија”, што треба да се реализира во периодот февруари-април 2023 година.
Ангажманот на експертот/ката ги опфаќа следните работни обврски и задачи:
- Да утврди концепт и методолошка рамка за спроведување на истражувањето;
- Да собере податоци од областа, да направи интервјуа со засегнати страни, како и да одржи средби со претставници на релевантни институции и експерти;
- Врз основа на собраните податоци и информации да ја изработи анализата;
- Да ги презентира главните наоди и препораки од анализата.
Потребни квалификации и вештини:
- Да има завршено високо образование во областа на општествените науки;
- Напредно познавање и користење на англискиот јазик;
- Напредно познавање на методолошките аспекти во правните, политичките и општествените истражувања и искуство во прибирање и анализа на квантитативни податоци;
- Развиени истражувачки и аналитички вештини; и
- Докажана способност за работа и комуникација со луѓе од различни професионални, социјални и културни средини.
Потребна документација:
- Кратка биографија (CV) и мотивационо писмо не подолго од една страница;
- Две референци за потврда на експертизата во областа;
- Методологија за работа.
Рок за пријавување
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на огласот со испраќање на допис со потребните прилози на нашата е-пошта , а во предметот на пораката треба да стои назнаката: „Апликација за повикот за ангажирање на експерт/ка за изработка на анализа“. Пријавувањето на огласот е отворено до 15.02.2023 до 16 часот.
Постапка за избор на кандидат/ка
„ЛГБТИ Јунајтед“ ќе формира комисија која ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосни пријави нема да бидат земени предвид.
Вкупниот буџет за овој повик изнесува 2000 евра во денарска противвредност.