Целта на овој тренинг e да научите како да се почувствувате како интегрирано битие (ментално, емоционално и физички) кое се потпира на внатрешниот извор на сигурност и мудрост.
Преку вежбите и активностите вие ќе добиете искуство за врските кои ве спречуваат внатрешно да растете, да се развивате, да креирате слободна и автентична релација со луѓето, но и со себе.
Нашите сегашни мисли, емоции и однесувања се поврзани со нашето најрано учење кое сме го усвоиле на несвесно ниво. Нашите проблеми се појавуваат поради нашите реакции кои се условени од несвесните аспекти од нашата личност.
Па, оттука умот, емоциите и телото се нераскинливо поврзани во еден сложен и жив систем на внатрешна енергија која се одржува и подобрува преку свесна работа на себе.
Методот е составен од сет од техники со кои се постигнува ослободувањето од старите врски и модели на однесување, кои ги имаме добиено од своите родители, браќа, сестри и/или други значајни личности во нашиот живот преку креативна визуализација, медитација и лесни јога вежби.
На тренингот ќе направите увид во својата моментална физичка и емоционална состојба, ќе си поставите одржливи стратегии, планови за акција и нови посакувани цели во повеќе аспекти во својот живот:
- здравје;
- благосостојба;
- личен раст и развој;
- партнерски релации.
Во зависност од вашиот интерес, област на фокусот на тренингот ќе ви помогнеме да подобрите една од следните цели:
- Подобрување на ментално и емоционално здравје;
- Промени во животниот стил, во однесувањето, за подобрување на вашата целокупна благосостојба (здравје, професија, финансии, љубов);
- Советување за исхрана;
- Вежбање.
Број на сесии: 5
Почеток: декември 2022 г.
Завршување: јануари 2023 г.
Времетраење на една сесија: 2 часа
Средбите ќе се одржуваат еднаш неделно. Групата е затворена. Во договор со групата сесиите може да бидат онлајн и во живо, во Центарот на ЛГБТИ заедницата во Скопје.
Тренингот ќе го држи Билјана Пешева, професионален обучувач за возрасни по законот на образование во земјата, wellness coach и јога инструктор во Healthy Yoga.
Трошоците за учество на овој тренинг ги покрива здружението „ЛГБТИ Јунајтед“. Пријавувањето е до 30 ноември 2022 г. на .