Премини на содржината

Конкурс за ангажирање на двајца координатори на Центарот на ЛГБТИ+ заедницата во Скопје

Здружението „ЛГБТИ Јунајтед“ има потреба од ангажирање на 2 (две) лица на работно место „Координатор/ка на Центарот на ЛГБТИ+ заедницата во Скопје“.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • завршено најмалку средно образование;
  • познавање на македонскиот и англискиот јазик;
  • познавање на албанскиот, турскиот, ромскиот или некој од другите јазици на локалните немнозински заедници ќе се смета како предност;
  • уредност, темелност и подготвеност за тимска работа;
  • да ги познава проблемите и предизвиците на ЛГБТИ+ заедницата.

Обврски на координаторот

  • секој работен ден да ја координира работата на Центарот;
  • да води евиденција за посетителите во Центарот;
  • да асистира на проектниот тим и да учествува во организирање и спроведување на проектни активности и други настани во Центарот;
  • да се грижи за редот и дисциплината во Центарот.

Работно време од 30 часа неделно. Предвидена бруто плата 28.000 денари.

Како да се пријавите?

Испратете биографија и мотивациско писмо на македонски јазик најдоцна до 15-ти август 2022 г. на електронската пошта со назнака во предметот на пораката „Пријава за Координатор/ка на Центарот на ЛГБТИ+ заедницата во Скопје“.

Единствено квалификуваните кандидати ќе бидат повикани на разговор. Здружението „ЛГБТИ Јунајтед“ обезбедува еднакви можности за вработување и ги охрабрува соодветно квалификуваните кандидати да се пријават на конкурсот без оглед на нивните раса, боја на кожа, национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, социјално потекло, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба и други лични карактеристики и околности.