Јуни е познат како „месец на гордоста“ – месец посветен на славење на ЛГБТ+ заедниците ширум светот. Во продолжение дознајте што е всушност „Прајд“ и како се слави…
Што значи „прајд“ и зошто има „месец на гордоста“?
Прајд е всушност транскрипција на англискиот збор „pride“, што во превод значи гордост. Прајдот се слави во месец јуни бидејќи тоа е месецот кога се случила Стоунволската револуција, исто така позната и како Стоунволски бунт или едноставно Стоунвол. Стоунволските немири биле важни протести што се случиле во 1969 година во САД и довеле до унапредување на правата за многу геј луѓе во Америка и ширум светот.
Прајдот е прослава на луѓе што се обединуваат во љубов и пријателство, за да го истакнат постигнатиот напредок на полето на правата на ЛГБТ+ луѓето, но и да алармираат на тоа како во некои места – како што е нашата држава – сѐ уште треба да се работи на тој план.
ЛГБТ+ е кратенка за лезбијки, геј-мажи, бисексуалци и трансродови лица. Плусот е инклузивен симбол што значи „и други“ за да ги вклучи луѓето од сите идентитети.
Месецот на гордоста се фокусира околу прифаќање, еднаквост, славење на работата и достигнувањата на ЛГБТ+ луѓето, едукација за ЛГБТ+ историјата и подигнување на свесноста за проблемите со кои се соочуваат припадниците на ЛГБТ+ заедницата.
Исто така, во текот на месецот на гордоста се повикуваат луѓето да се сетат и воедно да запомнат колку била и сѐ уште може да биде штетна хомофобијата.
Прајдот, над сѐ, значи да бидеме горди на себе без разлика кого љубиме.
Дали знаевте? Американска жена која се вика Бренда Хауард е позната како „мајката на Прајдот“ откако го организирала првиот воопшто геј прајд марш во 1970 г. во Њујорк.
Во месецот на гордоста обично се одржуваат шарени паради, концерти и маршови.
Огромен број луѓе беа многу репресирани, имаа внатрешен конфликт, и не знаеја како да престанат да се кријат, да излезат од плакарот и да бидат горди. Од тој аспект движењето се покажа најкорисно, бидејќи си помислија, ‘Можеби треба да бидам горд/а’.
изјави во 2015 г. L. Craig Schoonmaker од кого потекна предлогот движењето да се нарече „Прајд“.
Од 28 јуни 1970 г. до денес, прајд настаните станаа и поголеми, и похрабри и… погорди.