Премини на содржината

Повик за искажување интерес за учество на обуки и работилници за артивизам во контекст на градење, мобилизација и ангажирање на ЛГБТ+ заедницата

Во рамките на стратешкиот план и годишната програма за работа на Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово, објавуваме повик за пријавување на заинтересирани кандидат(к)и, постојни и надежни активист(к)и од ЛГБТ+ заедницата во Република Северна Македонија, за учество во серија обуки и работилници во текот на 2022 година во областa артивизам.

Идејата на артивизмот е да ја оснажи ЛГБТ+ заедницата да го спои активизмот со уметноста. Активноста се состои од три делови. Првиот дел се состои од едукација во полињата на графички дизајн, веб-дизајн, базична продукција и пост-продукција на кратки видеа, фотографија, сликарство и моден дизајн. Вториот дел е продукција на уметнички и дизајнерски дела што претставуваат развој на критичкото/активистичкото размислување и идеи преку квир теорија на уметноста во полињата на фотографија, моден дизајн, сликарство и графички дизајн. Овој дел ќе се спроведува преку уметнички работилници водени од професионалци. Третиот дел се состои од изложби во физички простор и онлајн презентација на делата создадени во рамките на локалните прајд настани. Целната група се состои од 15 припадници на ЛГБТ+ заедницата кои ќе бидат обучени да дејствуваат преку артивизам; предвидена е една артивистичка продукција годишно, што значи една за 2022 година.

Дополнителни подетални информации во врска со активностите од овој повик ќе бидат благовремено споделувани директно со избраните учесници.

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат навршено 18 години, односно да се полнолетни
  • да се подготвени да ги применат стекнатите знаења
  • да се подготвени да ги проследат сите предвидени обуки и работилници во рамките на овој повик во текот на 2022 година

ЛГБТ Јунајтед ќе ги покрие патните трошоци и трошоците за сместување и храна на селектираните учесници на обуките и работилниците од повикот.

За да го изразите Вашиот интерес за учество на обуките и работилниците за артивизам, заинтересираните кандидат(к)и треба да ни испратат на  кратко мотивациско писмо, не подолго од 1 (една) страница, и следните информации за себе: име и презиме, град на живеење, телефонски број и е-пошта на кои можеме да Ве контактираме за да Ве известиме за статусот на Вашата пријава и, доколку сте селектирани за учество, заради потребите на натамошните комуникации со Вас во врска со активностите. Пријавувањето на повикот ќе биде отворено заклучно со 21 март 2022 година.

Со поднесувањето пријава за овој повик на нашата е-пошта, Вие потврдувате дека личните податоци што сте ни ги испратиле во Вашата пријава се веродостојни и дека сте полнолетно лице односно имате 18+ години и, исто така, изречно се согласувате Вашите лични податоци да бидат обработени од страна на тимот на ЛГБТ Јунајтед заради остварување на контакт со Вас. Вашите лични податоци ќе бидат користени исклучиво за конкретната цел.

За сите евентуални прашања, пишете ни на нашата е-пошта  и нашиот тим ќе се потруди да Ви одговори во најскоро можно време.