Премини на содржината

Градиме мостови на пријателство и соработка

Ако сте ЛГБТ+ лице или, пак, родители, пријатели или поддржувачи на ЛГБТ+ заедницата, придружете ни се на средбите што ги организираме во ваша близина, кои се состојат од гледање филмови, читање поезија, тематски дискусии, неформални забави, дружења, пикници и други друштвени активности.

LGBTI UNITED

донатори

Ко-финансирано од Европска Унија
ЕУ со ТЕБЕ

Кои сме ние

ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД од Скопје е невладина, непрофитна и мултиетничка организација, која во своето членство има луѓе од различни сексуални ориентации, родови идентитети и родови експресии. Со нашите активности се стремиме кон постигнување рамноправност и вклучување на ЛГБТ+ луѓето во сите сфери на животот преку создавање на поддржувачка и инклузивна атмосфера која ги негува и поттикнува различностите.
Обуки и работилници
Друштвени центри
eCrowd

Поддржи нѐ!

Активизам

Прајд настани

Фото: Unsplash

Нашите достигнувања

Во 2022 година се навршија 10 години од постоењето на ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД. Досега имаме спроведено многу активности од различни области, вклучетелно обуки и работилници, кампањи, културни настани, хуманитарни акции и друго, што се од интерес и за помош на ЛГБТ+ заедницата.

години искуство
1
опфатени луѓе
250 +
реализирани проекти
1 +
Фото: Unsplash

Како до нас

Здружението ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД е посветено на унапредување на позицијата и пристапот до човековите права на ЛГБТ+ заедницата во Северна Македонија, како и оснажување на ЛГБТ+ луѓето за нивно вклучување во културниот, социјалниот, економскиот и јавниот живот. Не двоумете се да нѐ контактирате доколку имате потреба од советување и тестирање за ХИВ, правна или психосоцијална помош – бесплатни услуги во соработка со други организации, или, пак, доколку сакате да нѐ посетите и да ни се придружите на нашите средби и настани за заедницата.